Промени тема
Контакт

Богата социјално-едукативна програма на првото издание на Ohrid Water Festival

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
367733637_761187089354641_8502809649218472168_n

Во рамки на првото издание на големата промотивно спортска манифестација Ohrid Water Festival покрај 17-те спортски настани, предвидена е богата социјално-едукативна програма која вклучува низа интересни и забавни содржини кои ќе го привлечат вниманието на публиката.

Забавниот дел на фестивалот ќе стартува на 21-ви август (понеделник) со Концерт на поп пеачот Ѓоко Танески.

— реклама —

На 22-ри август (вторник) ќе биде организирана Изложба „Флора и фауна од Охридско езеро“ и „Потонато културно историско богатство“, а за музичкиот дел од вечерта ќе се погрижи ДЏ Ванчо Плеј.

На 23-ти август (среда) во текот на денот ќе биде организиран Отворен ден во ЈНУ Хидробилошки Завод, а текот на вечерните часови ќе се одржи Панел дискусија на тема „Охридското езеро-валоризација на вредностите како пат кон идните бенефити“. Во рамки на музичкиот дел од вечерта, ќе настапи ДЏ Багзи.

— реклама —

На 24-ти август (четврток) ќе бидат поставена Изложба „Почетоците на веслањето во Охрид“ и „Победници на охридскиот пливачки маратон низ времето“, а за музичкиот дел ќе се погрижат „Балканикос Бенд“ и „Жармена Бенд“. На 25-ти август ќе биде поставена изложба „Рибите од Охридското Езеро“. Истиот ден во организација на ОФВ и SLOW FOOD Охрид ќе се одржи промоција на охридска и македонска традиционална храна и пијалоци, а за добрата атмосфера ќе се погрижи ДЏ Rootboy Selector.

— реклама —

На 26-ти август (сабота), на денот кога е предвидено одржувањето на Охридскиот пливачки маратон ќе продолжи Промоцијата на охридска и македонска традиционална храна и пијалоци, а за добрата атмосфера во вечерните часови ќе биде задолжен „Ансамбл Билјана“.

Фестивалот ќе финишира на 27-ми август (недела) со Концерт на Камерниот битолски оркестар „Рок Симфонија“.

— реклама —

Сите настани од социјално-едукативниот дел на програмата ќе се одвива пред платото на хотелот „Палас“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 2 дена

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања