Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Богдан Богдановиќ останува во НБА, враќањето во Евролигата ќе почека

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Спорт
media-librarytn30ojuqvt0q4oZRPu3

Иако со години се шпекулира за можно враќање на Богдан Богдановиќ во Евролигата, најновите информации укажуваат дека капитенот на српската кошаркарска репрезентација ќе остане во НБА најмалку уште една сезона.

— реклама —

Според американските медиуми, информација што ја потврди и грчкиот спортски портал СДНА, Богдановиќ донел одлука и во следната сезона да настапува во најсилната кошаркарска лига во светот.

Во изминатиот период често се споменуваше можноста за негово враќање во Европа, а меѓу најзаинтересираните за негов ангажман беа навивачите на Партизан, како и неколку европски кошаркарски великани, кои настапуваат во Евролигата.

— реклама —

Сепак, според актуелните информации, такво сценарио засега нема да се реализира.

— реклама —

Останува отворено прашањето во кој клуб ќе ја продолжи кариерата следната сезона, со оглед на тоа што во вториот дел од сезоната неговата улога во тимот на Лос Анџелес Клиперс беше значително намалена.

Минатата сезона Богдановиќ просечно поминуваше по 19,7 минути на паркетот, при што бележеше 7,4 поени, 2,8 скока и 2,2 асистенции по натпревар.

— реклама —

Неговата минутажа дополнително се намали во завршницата на регуларниот дел од сезоната и во плејофот, каде што добиваше ограничена шанса за настап.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања