Богдановиќ: Општина Центар останува доследна на своите заложби за развој на културата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје

Во Општина Центар  официјално започна со работа  Културно-социјалниот простор (КСП) „Центар-Јадро“, прва институција од овој тип на цивилно-јавно партнерство во државата. Овој модел е втемелен на партнерство помеѓу локалната власт, Општина Центар, и Јадро Асоцијација и претставува суштинска децентрализација на моќта и единствен пат кон создавање организациска и програмска автономија во дејствувањето во сферата на културата, во рамки на граѓанскиот сектор, но и пошироко.

— реклама —

На денешната прес конференција, со запазување на сите мерки и препораки од надлежните институции, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со основачите и членовите на управувачките органи на „Центар-Јадро“, Искра Гешовска, Јане Чаловски, Теодор Целакоски и Јасмина Билаловиќ, го презентираа концептот и замислата на проектот, со што независната културна сцена, младите уметници и невладините организации добија нов, современо опремен простор за своите активности.

— реклама —

„За мене беше особено важно, кога прв пат се запознав со идејата за центарот, беше фактот дека во потполност кореспондира со нашиот концепт и заложба, да бидеме отворени кон граѓаните, да создаваме инвентивни и прогресивни концепти, како и долгорочни одржливи модели, во рамките на општината со активна вклученост на заедницата. Само преку комуникација, размена на идеи и со здружени сили, можеме општината Центар, а со тоа и градот Скопје, да ги ставиме на мапата на современи урбани и прогресивни средини, ништо помалку од европските културни метрополи.  Развојот на културата, како значајна општествена гранка, е важен сегмент во работата на локалната самоуправа, особено во урбани градски општини како оваа. Општина Центар се залага за задоволување на правата и потребите на граѓаните, и се стреми за збогатување на културниот живот на заедницата“, изјави градоначалникот Богдановиќ на денешната прес конференција.

— реклама —

Преку повторно ставање во употреба на објектот - месна заедница „Дане Крапчев“, во функција на културно-социјален простор наменет за потребите на граѓаните од областа на културата и пошироките граѓански права, Општина Центар останува доследна на своите заложби за развој на културата, како важен дел од нашето секојдневие.

„Центар-Јадро“ е резултат на заложбите на ЈАДРО - Асоцијација на независната културна сцена, која од своето основање во 2012 година како непрофитна, инклузивна, партиципативна и застапувачка платформа, се стреми да го зајакне независниот културен сектор и неговото влијание врз креирањето и практикувањето на културните политики, со цел да ги поттикне процесите на демократизација во културата и пошироко, во општеството и во граѓанскиот сектор.

„На крајот на февруари 2020, ‘Центар-Јадро’ почна да функционира во својот простор, во рамки на урбаната заедница ‘Дане Крапчев’. Набрзо тимот го адаптираше поголемиот дел од своите програми во on-line  формат и со тоа установата беше една првите кои започнаа со реализација на програма во време на пандемијата на Ковид. Во рамки на годишната програма КСП Центар-Јадро досега има реализирано над 20 активности од сопствената програма“, изјави директорката на КСП „Јадро-Центар“, Јасмина Билаловиќ.

Целиот процес на развој и реализација на ко-управувачкиот модел, од основањето на Јадро Асоцијација до формирањето на установата од 2012 до денес, во различни фази, беше поддржан од: Швајцарска програма за култура во Западен Балкан, Фондацијата Отворено општество Македонија, Гете Институт-Скопје, Министерството за култура на Р.С. Македонија, Кооператива - Регионална платформа за култура, Амбасадата на Швајцарија во РС Македонија, Општина Центар и Град Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања