Богдановски: Се грижиме за здрава животна средина, субвенции за набавка на ПВЦ прозорци и печки на пелети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
22-01-2021-Bogdanovski

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжува да вложува во заштита на животната средина и обезбедување на чист воздух за сите. И во оваа 2021 година продолжуваат субвенциите за набавка на еколошки и енергетско ефикасни системи за загревање. Владата предводена од СДСМ донесе одлука за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 30%, но не повеќе од 10.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 6.000.000 денари, истакна Далибор Богдановски, член на Комисија за енергетика на СДСМ.

— реклама —

— реклама —

Богдановски додаде:

— реклама —

Надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 70%, но не повеќе од 15.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 2.000.000 денари за лица со ниски примања;

Надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 19.000.000 денари;

Надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 70%, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 3.000.000 денари за категоријата на лица со ниски примања;

Надоместување на дел од трошоците за купување и вградување на печки на пелети во домаќинствата до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 11.000.000 денари;

Надоместување на дел од трошоците за купување печки на пелети во домаќинствата до 70%, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 3.000.000 денари за категоријата на лица со ниски примања;

Ова се дел од мерките со кои ги помагаме домаќинствата и истовремено ја зголемуваме енергетската ефикасност.

Силна, бескомпромисна борба за заштита на животната средина и засилен ангажман во акцијата за чиста и здрава животна средна, е еден од приоритетите од иницијативата Акција 21 - Европски стандарди дома.

Како одговорна партија остануваме силно посветени на заштита на животната средина но и на намалување на трошоците на домаќинствата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања