„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Богоев: Како резултат на ликот и делото на Тоше воспоставивме соработка со Нова Градишка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
slika-03

Ликот и делото на Тоше Проески ги спои Општина Карпош и хрватската општина Нова Градишка.

— реклама —

Денеска, заврши десетото издание на Меморијалниот турнир во мал фудбал во чест на Тоше Проески. Главен покровител на турнирот беше Општина Карпош, а организатор е Здружението на стопанственици Власи „Мандра“.

За прв пат, оваа година турнирот доби и меѓународен карактер, при што покрај екипите од повеќе македонски градови, учество земјаа и екипи од Хрватска, Албанија и Грција.

— реклама —

Првото место го освои екипата од Нова Градишка, второто место му припадна на тимот од Корча (Албанија) и третото место за екипата од родното место на Тоше, Крушево.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев зборуваше за вмрежувањето и соработката со Нова Градишка.

- Тоше и денеска спојува и поврзува! Како резултат на неговиот лик, дело и хуманост воспоставивме соработка со Нова Градишка.

На мое големо задоволство, успеавме турнирот да добие и меѓународен карактер, затоа што Тоше беше личност – космополит, отворен за сите!

Продолжуваме со поддршката на овој турнир, рече Богоев.

На доделувањето на трофеите се обрати и градоначалникот на Нова Градишка, Винко Гргиќ кој се заблагодари за целокупната организација и гостопримството на локалната самоуправа.

Во текот на целиот турнир гостите уживаа во песните на Тоше кои беа изведувани од талентирани млади ученици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања