„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Богоев: Обезбедени се 200 илјади евра за замена на старите водомери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
42581018_10155348552761706_4116179249260396544_o

Благодарејќи на поддршката од Министерството за транспорт и врски, а преку Европската банка за обнова и развој, обезбедени се 200 илјади евра за замена на старите водомери, со нови (безжични) за повеќе од 500 домаќинства од Жданец и Трнодол. Ова е само еден од проектите за кои разговараа градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески на денешната работна средба на која беа отворени можностите за поддршка и начин на финансирање и на други заеднички проекти од значење за жителите на Карпош.

— реклама —

KpJz8Buo5TQ
— реклама —

На полето на урбанистичкото планирање, Богоев напомена дека веќе е добиена согласноста од Министерството за транспорт и врски за новиот Детален урбанистички план за Жданец и Трнодол, преку кој Општината опстојува на определбата за развој на периферните делови на Карпош.

„Исто така, се очекува и согласност за Деталниот урбанистички план за Касарна Илинден, со што урбанизацијата ќе се префрли во другиот дел на Општината, а не во централнато јадро, како што беше досега“, рече Богоев.

Во текот на зимскиот период, секторите при Општината ќе работат на подготовка на проекти за изградба на нови локални патишта, водовод и канализација, а со истите ќе аплицира кон повеќе финансиски институции и кредитори.

Како што напомена и министерот Сугарески, за следната година, на располагање на општините ќе бидат дадени 70 милиони евра за локални патишта, средства обезбедени од Светска Банка, откако Владата и Министерството за финансии. претходно преговараше за нив.

Исто така, за проекти за подобрување на водоводната мрежа и канализација за целата локална самоуправа се предвидуваат околу 100 милиони евра, средства од Европската инвестициона банка.

Соработката меѓу Општина Карпош и Министерството за транспорт и врски ќе продолжи и во претстојниот период, се со цел да се подобри квалитетот на живот на граѓаните, во повеќе сегменти од живеењето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања