Промени тема
Контакт
Група Везилка Душа калдрма:Залудно е да се напијам Grupa Vezilka Dusha kaldrma, Zaludno e da se na
Група Везилка Душа калдрма:Залудно е да се напијам   Grupa Vezilka Dusha kaldrma, Zaludno e da se na

Богоев од Вашингтон: Силна поддршка од САД во последните чекори кон полноправно членство во НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
1-1

Напредокот на Република Северна Македонија и последните чекори кои земјата ги презема за полноправно членство во НАТО Алијансата, како и нашиот пат кон Европската Унија,  беа главните теми на разговор, на членот на Извршниот одбор на СДСМ и градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев, со потпретседателката на Националниот демократски институт (NDI), Шери Брајан и со други претставници од оваа невладина организација, се вели во соопштението од СДСМ.

Средбата се реализира во рамки на посетата на Богоев на  Соединетите Американски Држави, во Вашингтон и неговото учество на Националниот молитвен појадок.

На оваа средба, Богоев информираше и за последните случувања во нашата држава, функционирањето на техничката Влада задолжена за спроведување на предвремените парламентарни избори, како и за процесите кои се одвиваат во Собранието.

Денеска светот ја препознава нашата држава како позитивен пример, од каде што доаѓаат и позитивни вести. Од заробена држава прераснавме во земја која решава децениски спорови по мирен пат, а демократијата и вклученоста на јавноста во одлучувањето секојдневно се унапредуваат. Ова се вредности на земја која се движи по патот на европските интеграции и членството во НАТО.

— реклама —

Исто така, стана збор и за зголеменото учество на млади во политиката, како и за унапредување на работата на општинските совети кои се претставнички органи на граѓаните. Потпретседателката Брајан ја посочи можноста за поконкретна соработка со општините од нашата земја.

— реклама —

Оваа невладина организација, исто така соработува и со политичките партии во земјата, а реализираат и голем број на активности за улогата на младите и жената во нашето општество. Значен е придонесот на NDI и во работата на законодавниот дом. Па, така тие соработуваат со сите пратенички групи во Собранието и им помагаат во креирање на законски решенија кои навистина ги одразуваат потребите на граѓаните.

Имајќи предвид дека NDI е голем поддржувач на нашата земја и тоа директно го покажува преку работа со нашите институции, граѓански организации и други општествени чинители, Богоев се заблагодари за нивниот придонес и ангажман.

— реклама —

Факт е дека Северна Македонија и САД се во цврсто стратешко партнерство, а поддршката која ја добиваат граѓаните од оваа светска сила е видлива во повеќе области од општественото живеење, се вели во соопштението од СДСМ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања