Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Богоеве е размазен функционер кој наместо да работи игра плејштејшн, порача ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
S.Bogoev

Стефан Богоев од СДС вели дека далеку од нормалност и од реалност е да се очекува ВМРО-ДПМНЕ да има мнозинство. Но, она што вистински е далеку од нормалност е некој од раководството на СДС да признае каков хаос направија во државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тие кога не се свесни за тоа, што очекувате да се свесни друго. Ваков пропаст и распад на систем и институции нема во историјата. И на крај на денот што очекувате да каже еден размазен поранешен градоначалник како Богоев кој мандатот го помина во играње плеј стејшн со другарчињата, па мораа да го смират кога изгуби и му ја дадоа Царина да ја води, небаре Царина е цуцла за смирување. Е тоа е далеку од нормалност.

— реклама —

Далеку од нормалност е што Ковачевски на член на најблиската фамилија и отстапи земја за 7 денари квадрат, што Артан бира подизведувачи за Бехтел и Енка и објавува огласи за вработување за таа фирма, надвор од реалноста е што царува дрогата насекаде и што има убиства по улици и молови, киднапирање деца, палење возила секој втор ден, што нема тендер или бизнис, а да не се инволвирани Зечевиќ ли, Ковачевски ли, Артан ли…

— реклама —

Далеку од нормалност е воопшто што Богоев помислува дека се уште има некој надвор од тие 140-150 илјади гласачи нивни, што може да гласа за нив. Далеку од нормалност е што си се лажат меѓу себе дека ќе формирале влада и дека ДУИ ќе им помогнела во тоа и после на ДУИ ќе им дале уште повеќе од сега. Далеку од нормалност е една ваква дрска невоспитана размазена личност, кој се наполни со пари, што воопшто може да помисли дека некој постои што сака да знае што мисли тој.

— реклама —

И не знаеме што е проблемот со функционерите на СДС што отекуваат само што ќе дојдат на власт. Дали е алергиска реакција или нешто друго. Е тоа не е нормално. Како во фабрика да ве произведуваат. Како што не е веќе нормално за жал ништо што го правите.

Во прилог е линк од најголемиот успех на овој благонадежен функционер на СДС.

Гледајте и кажете после што е далеку од нормалност, а што не е“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 7 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 7 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 7 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања