Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Богоевски: Целосното укинување на патните трошоци за пратениците е мошне благородна и нужна идеја, иако можеби малку непрактична

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pavle

ФБ статус на Павле Богоевски:

-Целосното укинување на патните трошоци за пратениците е мошне благородна и нужна идеја, иако можеби малку непрактична.

Но, вистинските непотребни трошоци не се само кај пратениците. Треба да се направи темелна анализа на оправданоста за сите привилегии на јавните функционери.

Ако земеме предвид дека законодавната е посебен столб на власта, подеднакво важен како извршната и судската и дека сегашните патни трошоци на пратениците се дефинитивно превисоки и неоправдани - тогаш дали секое јавно државно или локално претпријатие треба да има и заменици директори со голем помошен персонал и којзнае колку службени возила?

— реклама —

Особено ако знаеме дека во државава има многу повеќе директори, заменици, раководители и сл. од што има пратеници.

— реклама —

Да, не е во ред пратеници да наплаќаат илјадници евра за патни трошоци. Но дефинитивно и не е во ред да имаме три секретарки и пет коли по глава на директор!

Ако овие трошоци се помалку видливи од оние на пратениците, не значи дека не треба да бидат адресирани.

— реклама —

п.с. Основната претпоставка за силно Собрание е пратеници кои ги имаат потребните услови за да можат слободно, независно и ефикасно да ја вршат својата функција. Тврдам дека сегашните услови не го овозможуваат тоа, напиша на својот ФБ профил Павле Богоевски.

https://www.facebook.com/PavleBogoevski/posts/10220505148121774

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања