Промени тема
Контакт

Богоевски: Ги повикувам сите пратеници, особено оние од ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат амандманите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
18DD8705-E611-47E2-B824-5187C98C5E7F

"Со тоа што Собранието преку Комисија за уставни прашања ги поддржа уставните амандмани со тоа отворен е патот, на пленарна седница пратениците да донесат сопствена одлука за ова историско, важно прашање", вели Богоевски

"Ги повикувам сите пратеници, особено оние од ВМРО-ДПМНЕ, да се одважат и да ги поддржат овие амандмани со што ќе ја обезбедат евроатланската иднина на нашата држава.

— реклама —

Ние во минатото сме имале најразлични мислења и полемики, сме имале различни дебати и расправи, но секогаш сме имале обединет и заеднички став по ова важно, значајно и историско прашање. Сега е приликата тоа да го покажеме на дело и заедно да го обезбедиме патот кон ЕУ и НАТО", изјави тој.

Според него, волјата на мнозинството е кристално јасна. Повеќе од 90 отсто од граѓаните што излегле на референдумот ја дале својата поддршка за тоа Македонија да биде дел од ЕУ и НАТО. А со уставните амандмани се потврдува дека не се губи ништо. Напротив, се утврдува идентитетот и се обезбедува негова гаранција, сега и во иднина.

— реклама —

"Се утврдува и неповредливоста на нашите граници и се зацврстува историскиот континуитет на државноста.

— реклама —

Како пратеници исправени сме пред сериозна одлука, и да ги поддржат уставните амандмани на оваа пленарна седница во Собранието", додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања