Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Богоевски го прашува Пендаровски дали би дозволил да пропаднат дел од постапките на СЈО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Slika-Pavle-25-02

Пратеникот Павле Богоевски, го постави своето прашање до кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, од позиција на поранешен шарен револуционер. Откако Пендаровски прифати соочување со шарените револуционери, Богоевски со хаштаг „наМегдан“, го праша Пендаровски дали ќе дозволи да пропаднат неколку постапки на СЈО доколку Собранието во иднина го избрише член 353 од Кривичниот законик.

„Прашање за #НаМегдан со Стево Пендаровски: Доколку Собранието изгласа Измени во Кривичен Законик со кои се брише чл.353 (проблематичен член од време на претходната власт, за кој и ЕУ вели дека треба да го промениме – но кој ќе значи и пропаѓање на неколку постапки на СЈО), дали ќе примените Претседателско вето?“, прашува Богоевски.

— реклама —

Во декември минатата година во собраниска процедура влегоа измени во Кривичниот законик со кои се предвидуваше измена и на членот 353. Овој член се однесува на злоупотреба на службена положба при јавна набавка за сите службени лица кои со злоупотребата оствариле „некаква корист“.

Со измените „некаква корист“ требаше да биде преименувано во „имотна корист“ со што се намалуваше опсегот на кривичните дела за кои ќе се бара одговорност. Ова беше толкувано од правниците како пресудно за дел од постапките на СЈО, но измените беа повлечени.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања