Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Богоевски: Одговорноста за вчерашното прекинување на седницата е кај Џафери и ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Slika-Pavle-25-02

Обидот на колегата Груби да ја префрли вината за вчерашното фијаско на Комисијата за деловнички и мандатно -имунитетни прашања и на мене како нејзин Претседател се проѕирна лага и очаен обид за контрола на штетата која овој процес ја донесе врз нивната партија, изјави Богоевски на денешната прес-конференција.

„Кога се гласаше на комисијата, јас во три наврати се обидов да ја добијам колешката Мирсада Емини -Асани и испратив и СМС порака. Два пати таа ми го спушти телефонот, а третиот пат крена, најверојатно по грешка и дванаесет секунди ми дишеше на телефон без да изусти ниту збор. Тогаш престанав да се обидувам да ги добијам.

— реклама —

До моментот на започнување на последното продолжение на комисиската седница, јас немав потврда дека колешката ќе дојде, ниту дека е испратено возило по неа. Единствена работа полоша од тоа Комисијата да нема став, е да нема кворум и да не може да гласа.

Доколку чекавме со гласањето, а колешката не пристигнеше, се што требаше да направат ВМРО ДПМНЕ е да излезат од салата и комисијата немаше да може да ја заврши седницата. Тоа е единственото сценарио кое не би го обврзало Џафери да ја закаже пленарната седницата.

— реклама —

Затоа, нека престанат да ја лажат и манипулираат јавноста – единствената одговорност за вчерашното прекинување на седницата и за заштитата на Трајко Вељановски е кај Талат Џафери и кај ДУИ“, вели Богоевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања