Поранешниот пратеник на владејачката коалиција предводена од СДСМ, Павле Богоевски, вечерва во емисијата „Само вистина“ истакна дека се надева дека поранешниот генерален секретар а сега специјален советник во Владата на премиерот Зоран Заев, Драги Рашковски што поскоро ќе се врати од семејниот годишен одмор од Мекскико за да се разреши скандалот за набавката на софтверот кој Министерството за внатрешни работи ниту го добил, мути го користи иако е платен.
-Очигледно е дека по другите случаи имаме сериозен проблем со обезбедување на присуство на осомничените во постапките, поготово во случаите со висока корупција. Не очекувам дека Рашковски ќе го прекине 14-дневниот одмор за да се врати, но се надевам. За очекување не би сакал да преудицирам, но се надевам дека што е можно побргу ќе се врати и да биде расположлив за органите на правдата. И мислам дека ова ќе биде уште еден многу добар тест за нашите институции, истакна Богоевски.
Богоевски не сакаше да го коментира заминувањето на Рашковски од земјава.
фото: PRTSC Канал 5