Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Богоевски: Се' уште, Антонио и криминалците слични нему се значаен дел од политичкиот живот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
pavle

ФБ статус на Павле Богоевски:

— реклама —

Нека трепка:

"Иако градоначалникот не поднел тужба, сепак кај Милошоски предизвикал гнев и, според СЈО, ја искористил својата политичка моќ, па од име на претседател на Комисијата за надворешна политика поднесувал барања за секаков вид инспекциски и полициски контроли врз „Пуцко петрол“.

— реклама —

Но, тоа не било сѐ. Сметајќи дека еден судија од Основниот суд во Кичево е близок со градоначалникот на Пласница и го штити, го поттикнал претседателот на Комисијата за лустрација Томе Аџиев, кој исто така е осомничен во предметот, да го лустрира судијата, за да му престане функцијата. За ова СЈО како доказ поседува телефонски разговор меѓу Милошоски и Аџиев.

Аџиев постапил по барањето на пратеникот и заедно со членовите на комисијата го прогласиле судијата за кодош, односно донеле нарачана одлука за лустрација на судијата Драги Билески.

Како резултат на оваа одлука Судскиот совет подоцна го разреши сега починатиот судијата Билески."

Со вакви ѕверови си имаме работа. Уништуваат кариери, фамилии и животи, само поради комплексите кои толку упорно и насилно се обидуваат да ги сокријат.

Се' уште, антонио и криминалците слични нему се значаен дел од политичкиот живот. Дали некој нормален може да верува дека зад критиките на вмро кон Зак за Јавно обвинителство и зад целата нивна преговарачка тактика се крие било што друго освен желбата за спас од прогон? Не.

Овие луѓе припаѓаат во затвор, не на преговарачка маса.

https://www.facebook.com/PavleBogoevski/posts/10220496458424537

фото:  FB

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања