Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Богојески: 5 милиони вакцини од Астра Зенека од Велика Британија се најдени и обезбедени, сега на потег е Владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vakcina-astra

Петар Богојески, промоторот на „Македонски концепт“ денеска на својот ФБ профил објави дека обезбедени се вакцини за Македонија!

— реклама —

Должност на секој од нас е да помогне на татковината кога и е најтешко!

Мачнина ми паѓа кога гледам на каков срам и измачување, потсмев и омаловажување е изложен нашиот народ! Затоа се вложив себе си и своите пријатели од меѓународната заедница, да помогнеме и да обезбедиме вакцини за нашите граѓани.

— реклама —

Вакцините се обезбедени!!! - напиша Богојески на својот ФБ профил и додава:

Во моментов додека го пишувам овој статус, на располагање ни стојат до 5 милиони вакцини од Астра Зенека од Велика Британија, кои може да бидат испорачани во Македонија за еден ден, откако нашата Влада ќе направи нарачка!

Моето е сторено!

Вакцините се најдени и обезбедени!

Сега на потег е Владата. Ќе и бидат ставени на располагање сите потребни информации... да ги донесеме вакцините и да започнеме со најмасовната вакцинација од сите земји во светот и да дојдеме на прво место!

Сега не е време за плукање и обвинување, туку секој од нас да помогне колку може! Да си го спасиме народот од болеста! После можеме да се плукаме колку сакаме!

 

фото: ФБ Петар Богојески

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања