„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Богојески: Избори на 21.06.2020 година мора да има, согласно Устав и закони!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
petar-bogojeski

Кога ќе има избори, одлучуваат Уставот и законите, а не господата Заев (СДСМ 1) и Мицкоски (СДСМ 2)!

— реклама —

Ние сме подготвени… граѓаните против мафијата! Имаме шанса конечно да ја поразиме, напиша на својот ФБ профил лидерот на „Македонски концепт“, Петар Богојески.

— реклама —

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ, дека Заев бара брзи избори за да ги изгуби, е трагикомичен, реагира Петар Богојески од Македонски концепт на денешиот настап на првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ во однос на датумот за избори, објави Фокус.

-Дали тоа значи дека Мицкоски е загрижен да не изгуби Заев, па сака да му помогне со одлагање на изборите? Ниту господин Мицкоски, ниту господин Заев имаат право да одлучуваат кога ќе има избори! Таа одлука ја донесуваат Уставот и законите, а не политичарите! Избори на 21.06.2020 година мора да има, согласно Устав и закони! Ако Мицкоски одлучувал за Илинденско востание, никогаш немало да го има! Па какви се овие војводи во палатата, што се плашат од избори?!? Нашата теза дека палатистите се измеќари на Заев се докажува! Со ова однесување, Мицкоски му дава на тацна уште 4 години власт на Заев! Факт е дека опозицијата е киднапирана од еден безидеен лидер, кој работи за власта!, вели Богојески за Фокус.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања