„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Богојески: Како што имало специјален данок во Британија „Воен данок“, кај нас треба да има „корона данок“ според кој оние кои го приватизираа имотот во милијарди може сега да бидат солидарни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Petar

Петар Богојески од „Македонски концепт“ за емисијата „Само вистина“ изјави дека оваа Влада е „хибридна“ и е внесена во меѓусебните расправии. Богојески дебатираше со професорката Мирјана Најчевска. Тие имаа спротивни ставови околу прашањето за повторно свикување на пратениците во Собранието. Ставот на Богојески е дека еднаш распуштено собрание неможе повторно да се состене, додека Најчевска смета дека Собранието треба да одржи седница уште утре, затоа што како што кажа Собранието според нашиот устав е во постојано заседание.

— реклама —

„Изборните рокови ќе течат од 16 натака, по завршувањето на вонредната состоба, ако се претпостави дека нема да се продолжи истата, а ова значи дека изборите би се одржале на 21 или 28 јуни“, истакна Богојески.

https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/videos/798993930589343/?epa=SEARCH_BOX

— реклама —

“Што се однесува до кризата покрај тоа што имавме брзорастечка криза поради короната, сега имаме брзорастечка криза во економијата“, смета Богојески. Тој вели:

“Како што имало специјален данок во Британија „Воен данок“, кај нас треба да има „корона данок“ за најголемопоседниците и оние кои го приватизираа имотот во милијарди може сега да бидат солидарни и државата да ги оданочи со сериозен процент, истакна Богојески.

„Тие се расправаат кој во која Вибер група е и кој автомобил го земале службено. Владата е затворена за сите наши сугестии и предлози за решавање на особено економската криза. Што се однесува до економската криза напишавме и сами уредба и ја доставивме до Влада, за тие да не се мачат сами да ја пишат, барем да имавме некој информација да ни кажат ви благодариме ја примивме вашата предлог мерка. Владата не покажува никаква комуникација со тие кои не сме од владиното мноинство. Најмногу се чувствувавме повикани да зборуваме за економски мерки и тука се драматизира, како и со здравствената криза. Сеуште немаме точни бројки колку Македонија во последниве два месеци настрада, еднаш министерката за финасии кажа фрапантни бројки, кои подоцна и самите ги демантираа. Ние предложивме неколку мерки, долгорочни, на среднорочен план и краткорочен план. Една од главните мерки која ја предложивме, наспроти непопуларната мерка за зголемување на акцизата за горивото, преложивме да се воведи 1% дополнителен придонес, кој го нарековме „придонес од општествена одговорност“, а тоа е 1 % од вкупните месечни приходи на компаниите. Ова сметаме дека е и спроведливо и правично и солидарно“, смета Богојевски.

Тој додаде дека компаниите кои не работат, особено оние кои се затворени со уредба на Влада поради мерките со короната, нема да платат ништо, ова е само за компаниите кои работат и кои заработуваат екстра добивки во овој период ќе платат најмногу.

Професорката Мирјана Најчевска смета дека еден од најголемите проблеми е тоа што беа донесени многу рестриктивни мерки, без сетоа тоа да биде систем на делување на институциите. Ова доведе да дојде до неконтролирана концетрација во Владата со што дури и најдобрите немари може д аги претвори во негативни резултати.

„Не беа создадени специфични тимови, не само што ќе се занимаваат со здравствениот аспект, туку требаше и тимови кои ќе се занимаваат со економски елементи, но и со елементи на човековите права, работничките права како и се што може да претставува психолошки, педагошки или друг облик на влијание кои овие ограничувања може да го имаат во заедницата“, истакна Најчевска.

Со оглед на поведението на Македoнското собрание затоа што ова е малку подобро од претходното, јас не очекувам ништо што би можеле да направат, па и на ваква Влада да направат па и да исконтролираат било што.

„Забележавмe и неколку донесени уредби од Влада кои не беа јавно објавени. Внимание предизвика оваа уредба на Влада со платата од СЈО, не затоа што е е скандалозна самата уредба, туку затоа што не беше транспарентно објавена или Владата се обиде да ја сокрие“, истакна Богојевски.

Богојески и Најчевска се сложија дека транспарентноста е сериозно намалена.

„Се надевам дека наредниот парламент, кој за брзо ќе биде изберен, ќе најде сила и мора да ги потврди овие одлуки на Влада“, истакна Богојески.

Тој вели дека загрижува друг момент.

„Владата има право да носи уредби додека трае рокот на вонредната состојба. Претседателот Пендароски не ја продолжи оваа состојба, тој настапи државнички и објави нова вонредна состојба, а ова значи дека уредбите на Влада кои се практикуваат сеуште, а се донесени во прватa вонредна состојба не се во важност во вториов рок. Тие мораше да ги предонесат повторно, или можеби тоа го направија немаме информација поради нетранспарентноста. Не знам колку води грижа Владата се да биде во рамки на уставните норми“, истакна Богојески.

„Ние и предлагаме на Владата да донесе уредба со која ќе го либерализира банкарскиот сектор. Ова значи дека политичарите наместо да се закануваа дека со уредба ќе им се мешаат во работата на банките, Владата е таа која треба да обезбеди либерални услови. Во овој момент ние имаме право да комуницираме со домашните банки, но немаме никаво право да комуницираме со финански институции и странски банки, нити смееме нашиот капитал да го вложуваме таму, ниту смееме да се позајмуваме од таму. Пример да си обезбедиме ефтин кредит со кој бизнисот би го продолжиле нормално. Владата треба да го падне банкарскиот монопол во Македонија. Нашите банки нека си продолжат да работат како мислат, но ние имаме потреба да имаме пристап до ефтини банкарски кредити од светот, и конечно да ги ослободиме граѓани од должничкот т.е како што јас го викам „каматно ропство“, истакна Богојеки.

Професорката Најчевска истакна дека се плаши од идејата да им се дадат одврзани раце на банките.

„Во нашата држава банките се поставуваат над законот се однесуваат како да се наддржавни законски творби. Мислам дека банките имаат одредени лихварски карактеристики“, истакна Најчевска.

фото: Prtsc

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања