„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Богојески: Нормалните држави не прават сеир со сопствените граѓани, туку дирекно дејствуваат против теророт!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
petar_bogoyeski

ФБ статус на лидерот на „Македонски концепт“ Петар Богојески.

— реклама —

Не е во ред!!!

Не е во ред да се исмеваме со сопствените граѓани, кои се жртви на лажни вести и пропаганда! Треба да покажеме емпатија и грижа за нив, да ги заштитиме и да им помогнеме, да научат да разликуваат лага од вистина! Такви жртви има несекаде низ светот, кај сите држави и нации!

— реклама —

Нормална држава треба да преземе мерки во таа насока… обука за препознавање на лажна пропаганда… кампања за навремено и вистинско информирање на граѓаните… и најважно од се, конечно санкционирање на т.н. “патриотски медиуми”, мотивирани од странски пари, кои се дирекни соработници и соучесници во овој хибриден тероризам врз нашата држава и нација!

Сеење на страв и паника помеѓу населението, е дефиниција за тероризам! Нормалните држави не прават сеир со сопствените граѓани, туку дирекно дејствуваат против теророт! Бидејќи ние не сме нормална држава, а дел од нашите институции се сеуште се под влијание на тие терористички центри, време е за сојузничка интервенција, со цел да си го заштитиме народот!

Поради истите овие причини и граѓани, со децении со Македонија владеат бандитите во политиката… на ист начин, користејќи лажна пропаганда!

Се исмеваме на вирусот 5 гига… со антената корона… се исмеваме на античките фанариотски комити… се исмеваме на библиска држава… на сеправославно единство… а не гледаме дека од ден на ден, народот го губи спокојот и живее под се поголем стрес и паника!

За што постои државата?!?

Токму затоа викаме, редно е да направиме НОРМАЛНА ДРЖАВА!!!🇲🇰, напиша Богојески на ФБ.

https://www.facebook.com/seir2017/videos/vb.718010678363674/213970926690368/?type=2&theater

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања