„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Богојески: Пратениците да бидат волонтери, а не јадачи на буџетот, не да земаат патни трошоци, тоа е уникатно решение, да не земаат ни плата, сите да останиме во професиите од кои доаѓаме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
petar1

„Во ВМРО ДПМНЕ владее сериозно лузерски концепт, политичка партија која е без компас, прво бара избори па е против, против вонредна состојба, па за вонредна состојба. СДСМ брза на избори бидјеќи анкетите покажуваат дека владејачката коалиција има предност. Ние како граѓански концепт ќе понудиме толку различна понуда и пристап кон граѓаните што ќе успееме да ја победима и власта“, истакна лидерот на „Македонски концепт Петар Богојески во емисијата #10МИНУТИ - „Седи дома“ или „Ајде на избори“.

— реклама —

Огромен број од досегашните пратеници во ВМРО ДПМНЕ се револтирани бидејќи не се на листите, и тоа треба да го елаборира портпаролот на ВМРО ДПМНЕ. На овие избори граѓаните имаат  шанса да им ги замрсат сметките на двете партии. Убеден сум дека ние доколку зависи од наши пратеници формриањето на владата тоа ќе е условено од промена на изборен законик, закон за финансирање партии, заштита на буџетот од злоупотреба на политички партии и дури после тоа да се пристапи кон формриање на влада. Само со тоа ќе предизвикаме промена на политичката слика на земјата“, истакна Богојески.

— реклама —

Лидерот на Македонски концепт вели:

„Ние не сме доволно богати да можеме да платиме анкети, тоа се скапи активности  затоа ги следиме анкетите на ИРИ и други реномирани куќи и повеќе од сигурна е шансата дека граѓаните ќе му удрат шамар на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ. Доколку му верувате дека Заев ќе донесе правда гласајте за Заев, ако му верувате дека Мицкоски ке го врати името гласајте за Мицкоски. Ако сте освестени дека ниту Заев ќе донесеп равда, ниту Мицкоски гордост, гласајте за нив“, вели Богојески.

Богојески уште еднаш откри која е програмата на „Македонски концепт“ и што тие како платформа им нудат на граѓаните.

„Ние ќе понудиме државен патриотизам, силни институции кои ќе ја уништат мафијата. Македонија пишти под мафијашко ропство, и додека не ја ослободиме државата од мафијата ние немаме вистински слободна Република. Имаме институции кои живеат под ропство на клановите од мафијата. Пратениците да бидат волонтери, а не јадачи на буџетот, не да земаат патни трошоци, тоа е уникатно решение, да не земаат ни плата, сите да останиме во професиите од кои доаѓаме, да ги земаме платите од претходно, кои ќе останат во средините од каде доаѓаат како пратеници и да останат блиски со оние кои ги гласале. По една година луксузен живот во парламентот се губи реалната претстава за сликата на народот“, вели Богојески.

 

фото: Prtsc

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања