Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Богојески: Шансите за разочараните од СДСМ и Зоран Заев повторно да гласаат за нив се 0%!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
petar-bogojeski

Премиерот Зоран Заев, вчера од собраниската говорница порача дека на изборите СДСМ ќе ја победи ВМРО-ДПМНЕ, а разликата ќе биде помеѓу 60.000 и 120.000 гласа, сè додека се вакви политиките на опозицијата и сè додека граѓаните ги држи сеќавањето на минатото.„Како што одминува времето, оние што се разочарани од владејачките партии ќе се вратат и ќе гласаат затоа што се ежат кога ќе помислат на враќање на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Заев.

— реклама —

“Шансите за разочараните од СДСМ и Зоран Заев повторно да гласаат за нив се 0%” е кусата изјава на Богојески во врска со ова тврдење на премиерот. По побараното појаснување, дали очекува тие да гласаат за ВМРО ДПМНЕ, Богојески тврди дека доколку на тие граѓани не им се понуди алтернатива, различна од тие на “На прав пат” и “Обнова за Македонија”, ќе апстинираат од гласање на овие избори, а со тоа СДСМ ќе изгуби најмногу. Кои се аргументите на Заев за тоа тврдење? Дали последната анкета на МЦМС? “Гладна кокошка, просо сонува” е одговорот на Богојески.

Во врска со идејата на Мицкоски за шпиц - кандидат, Богојески смета дека Мицкоски нуди да биде кандидат кој де факто нема да биде кандидат, што е во согласност со неговите “ни риба ни девојка” политики. Тој смета дека Мицкоски има фобија од избори и соочување со народот, па и овој пат бега од можноста да се соочи со Заев во иста изборна единица и да го порази.

— реклама —

“Очигледно Мицкоски очекува пораз, па бега од дирекно соочување со Заев во иста изборна единица. Тој кукавичлук многу ќе и наштети на ВМРО ДПМНЕ на следните избори” - посочува Богојески.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања