Петар Богојески од Македонски концепт смета дека недостигот на реакција од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кон последните случувања со барањата на Бугарија и поставувањето услови за ЕУ интеграцијата на Македонија покажува дека опозицијата е контролирана од власта, објави ФОКУС.МК.
-За многумина нејасно, но за мене од поодамна познато, станува збор за пресметаниот патриотизам, кај многумина, за жал и кај човекот кој се претставува како лидер на ВМРО во Македонија! Во момент на донесување на клучни одлуки за европската иднина на нашата Татковина, наместо да биде во центарот на решението, тој се одлучи повторно да биде надвор од збиднувањата, сокриен и притаен, исто како за ставот кон решението за НАТО. Ова не е ништо друго, туку длабоко лешинарско поведение! Ставот на СДСМ ми е познат, но ставот на “опозицијата” да биде молк и повлекување, ја потврдува нашата вистина, дека станува збор за контролирана опозиција од страна на власта! Г-дине Мицковски, со Македонија и Македонците не се прават задкулисни математички пресметки! Евтините калкулации за политички поени се оставаат на страна! Треба да се биде храбар политичар и државник, барем еднаш во животот и да се застане на страната на вистината! Да се застане рамо до рамо со Македонија и Македонците, и да се каже став кој нема да биде ниту пазар на политички поени, а ниту со калкулантски однос кон оние, на кои им е важна иднината на оваа држава, вели Богојески во изјава за Фокус.
Тој додава дека на Македонија и требаат државници, а не, како што вели, војводи на батерии.