Вечерва во „Само вистина“ гости беа Димитар Апасиев и Петар Богојески. Богојески говореше за промоцијата на манифестот на „Македонски концепт“.
„Дилемата дали да биде манифест или граѓански убедувања беше голема но, сапак преовладува манифест. Во суштина ние направивме промоција на платформата или каузата на „Македонски концепт“ без која не можеме да одиме напред, ниту да разговараме со било која политичка партија, граѓанин, организација поточно сите оние кои се посдготвени да разговараат за тиа принципи, вредости , сите наши идеи и убедувања. Овие денови вршиме и персонална презентација, со намера луѓето да се мобилизираат и да се вклучат за понатамошна промоција“, истакна Богојески.
Тој додаде:
„Ние сме прва и единствена опција, а мафијата за нас не е опција“, категоричен е Богојески.
На прашањето што ако се случи покана од двете најголеми политички партии да го поканат „Македонскиот концепт“ да им се прикличи, Богојески рече:
„Мислам дека двете најголеми политички партии ќе имаат проблем да го прифатат нашиот антикорупциски пакет на проекти и законски решенија , па поради тоа не постои никаква можност за соработка со овие две политички партии“, рече Богојески.
На прашањето дали сеуште е член на ВМРО ДПМНЕ Богојески кажа:
„Ме затекнувате во еден историски момент, планирам во текот на утрешниот ден, да го посетам мојот матичен комитет Карпош и да поднесам барање за замрзнување на моето членство во ВМРО ДПМНЕ, бидејќи не е споив мојот граѓански активизам , со она што денес е ВМРО ДПМНЕ бидејќи кога јас се зачленив во партијата на 25.05 1995 год , јас потпишав друга пристапница, друга книшка други верувања, други убедувања, друга изјава , од она што денес се претвори мојата партија. Но, не е проблемот во партијата, туку во така наречената обнова, обнова на бандитизмот, обновата на Груевизмот , обновата на минатото, кои за мене се неприфатливи. Неможам јас како реформатор, да се претворам во реставратор на минатото и Груевизмот“, истакна Богојески.
Апасиев кажа дека Левица се пререгистрира и сега партијата е во период на предизборна кампања. Ова ни се трети избори во кои учествуваме , рече тој и додаде:
„Не ни е стилот да кукаме, условите се сурови за малите партии, освен за пајтон партиите кои се со големите партии и тука се гледа лицемерието на Европската унија. Имено изборниот законик да го промените на последната седница пред распуштањето е непоимливо во Европа . Препораките на Венециенската комисија се една година пред избори да не се менува законот. Грујо да беше ќе имаше пиштење и вриштење од меѓународната, меѓутоа Заев со неговиот измејќарски менталитет се му е простено, се поминува“, истакна Апасиев.
Апасиев е категоричен дека предизборните коалиции се штетни и истите треба да се забранат, затоа што како што кажа треба да се види кој колку тежи. А за после изборно Апасиев вели дека ќе видат како ќе поминат, по што ќе постават услови.
„Првиот услов за тој кој ќе не викне да прави Влада е да отпочнеме правна процедура за правно поништување на Преспанскиот договор кој е историски штетен на ниво на Букурешкиот договор. Ова ќе ни биде првиот услов за правење коалиција“, вели Апасиев.
Апасиев го нападна Богојески дека за време на владеењето на Груевски сменал неколку државни работни позиции, на што Богојески му рече:
„ Си дадов отказ од Царина за да не бидам дел од мафијата, рече Богојески. А ти зошто не и соопштиш на јавноста зошто прифати да бидеш измеќар на Најгрујовиот кадар, заради кој не те примија на правниот факултет во Скопје?
Многу подобро е да напуштиш работно место во царина, зошто не сакаш да бидеш дел од мафијата, јас дадов отказ од царина, но како тебе не бев соработник на Катица Јанева и не работев на „Рекет“ и не земав пари од Катица Јанева, истакна Богојески.