Петар Богојески – „Македонски концепт“, на својот ФБ профил објави свое гледање на моменталната ситуација со економијата во земјава. Тој својата објава ја наслови „Слободни банки“, а при тоа образложи:
Владата, во која учествуваат и СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, не е способна да се справи со банкарската олигархија во земјава! Всушност покажува еден неизмерен поданички однос, во услови на вонредна состојба, кога иднината на граѓаните и стопанството е се понеизвесна!
Има сериозен простор за подобрување на мерките за превенција на економската криза. Не може сметката да ја платиме граѓаните и компаниите, а банкарите да остваруваат профити на маката на народот и стопанството, напиша Богојески на ФБ и додаде:
Сега е моментот за длабоки реформи!
Единствено преку либерализација на банкарскиот сектор! Доволно беше да работиме и да живееме само за камати.
И во вакво време невреме, пак истите бандити од последниве 30 години, да не доведат до питачки стап! Монополот на една или две банки, е директна причина за осиромашување на граѓаните и компаниите! За опустошување на домашната економија!
Како до богати граѓани?
Како до стабилна економија?
Единствено преку слобода за движење на капиталот/инвестициите. Тоа подразбира целосна либерализација на тековните и капиталните трансакции, која практично значи слобода во одлучување за вложување на средста (штедење, осигурување, купување на хартии од вредност и слично) и земање кредити таму каде што е најповолно за македонските граѓани и фирми, независно – дома или во странство.
Со тоа на македонските субјекти ќе им се овозможи пристап до поевтини извори на средства и можност за повисоки приходи од слободните парични средства, а воедно ќе се воспостави вистинска конкуренција на финансиските институции, особено банките кои работат во Македонија.
Во услови на континуиран вишок на ликвидност во банките, а недостиг на средства во стопанството во државава, ова може да биде решение за подинамичен раст и развој на Македонија.
За нормална држава!
Приклучи се, направи промена!
Поддржи либерализација на банкарскиот сектор!, напиша Богојески на ФВ #МакедонскиКонцепт
https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=2591358837812720&id=1949361315345812