Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

„Богородица е во храмовите, домовите, но најмногу во нашите срца, да ја надминеме духовната и морална криза и да се вратиме на вистинските вредности“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
siljanovska-davkova-4

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан, како и до сите православни верници.

— реклама —

Во честитката таа посочи дека празникот е силен потсетник за мајчинството, безусловната љубов и семејните вредности.

„Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Светиот архијерејски синод и на целото свештенство и монаштво, како и на сите верници од православна вероисповед, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Искрено посакувам празничниот ден да го поминете во мир, хармонија, радост и среќа,“ стои во пораката на Сиљановска-Давкова.

— реклама —

Таа нагласи дека култот кон Богородица е сведоштво за непоколебливиот дух и вера, но и за значењето на семејството. „Пресвета Богородица, како заштитничка на мајките и децата, има особено место во нашите храмови и домови, а најмногу, во нашите срца,“ додаде таа, потсетувајќи дека храмовите посветени на Богородица ги посетуваат и верници од други религии.

„Очекувам да ја надминеме духовната и морална криза и да им се вратиме на вистинските човечки вредности. Нека ни е честит и вечен празникот,“ порача претседателката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања