Богов: Со одземањето на дозволата на „Еуростандард банка“, ќе зајакне стабилноста на банкарскиот систем, се отстрани слабата алка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bogov

Гувернерката ја донесе единствената исправна одлука за „Еуростандард банка“ во дадената ситуација. Кога би бил на нејзиното место би ја донел истата одлука, изјави за МИА претходниот гувернер на Народната банка, Димитар Богов.

— реклама —

Знаејќи ја ситуацијата во „Еуростандард банка“ во изминатите години, вели тој во изјавата за МИА, јасно е дека Народната банка ги исцрпи сите можности за подобрување на состојбата во Банката.

– Со одземањето на дозволата за работење на „Еуростандард банка“, всушност ќе зајакне стабилноста на банкарскиот систем, бидејќи се отстрани единствената слаба алка во системот. Сите останати банки работат профитабилно и имаат ниво на капитал далеку над законскиот минимум, вели претходникот на Ангеловска-Бежоска.

— реклама —

– За жал, и покрај годишните супервизорски извештаи од контролите во оваа банка кои му беа доставувани на Надзорниот одбор и многуте работни состаноци во изминатите години со акционерот и целиот состав на Надзорниот одбор, на кои детално им беше презентирана реалната состојба во Банката и амбисот кон кој се движат, тие не успеаја да го подобрат работењето со „Еуростандард банка“ и да го намалат нивото на лошите кредити, истакнува Богов за МИА.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања