Премиерот Зоран Заев денеска го кажа името на министерот кој неформално знаел дека Мијалков планира да бега.
„Министерот за правда, Бојан Маричиќ е министерот на кого обвинител му кажал дека Сашо Мијалков може да избега“, истакна Заев
Сепак, Заев вели дека во редовите на Владата не се испитува одговорност. ЈО е тоа што ги прави истрагите. Имотот на Мијалков сигурно е систематизиран во сите постапки кои веќе се поднесени. Еден дел се во ‘Трезор’, ‘Тортура’, изборите во Струмица. ЈО сигурно има направено класифицирање на имотот на Мијалков. ЈО е примател на информацијата за можно бегство. Покрај министерот за внатрешни работи, информацијата била кажана и на министерот за правда. Тоа бил неформален разговор. Ние во нашите редови не испитуваме одговорност бидејќи можеме да бидеме пристрасни меѓу себе. ЈО е независен дел на работењето на системот, за да ни покаже каде би имало пропусти, ако ги имало“, рече Заев.
Тој и натаму уверува дека одговорност за бегството на Мијалков, ќе има.
фото: Архива