„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

„Бојан Христовски е личен избор на Мицкоски - партизацијата на АНБ ја потврди и Таравари“, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2022-09-13-at-12.05.15

„Поставувањето на Бојан Христовски на чело на АНБ е личен избор на премиерот Христијан Мицкоски. Коалицискиот партнер Таравари ја потврдува во целост опасната партизација на АНБ. Дури и на оние на кои не им беше јасно сега им е кристално јасно сè. Поставувањето на Христовски на директорската позиција на АНБ е избор и директива на Мицкоски. Тој сака свој човек кој во целост ќе го контролира и ќе му служи само на него и на ДПМНЕ“, соопшти СДСМ.

— реклама —

„Мицкоски го враќа времето на директни злоупотреби на безбедносните служби во партиски и лични цели како што беше во минатото.

Затоа по секоја цена се турка партиски кадар - претседател на Градски комитет на ДПМНЕ, близок до Мицкоски, спротивно на член 10 од Законот за АНБ и со бројни сомнежи дали воопшто ги исполнува критериумите за оваа позиција.

— реклама —

Бојан Христовски во едно интревју самиот призна дека нема безбедносен сертификат „Државна тајна“ а барањето за ваков сертификат го поднел дури откако беше назначен на директорската позиција.

Се уште е отворено и прашањето дали Христовски воопшто има 5 години стаж на раководни позиции сигласно законските услови или не? Во неговата објавена биографија недостасуваат прецизни датуми за неговото раководно искуство од 2012 до 2017 година.

Не е потврдено ниту дали Христовски има вистински документ за соодветно познавање на Англиски јазик. Затоа што документот што го приложил е од училиште во Пловдив Бугарија а во Пловдив воопшто нема TOEFL центар за тестирање.

Ова се премногу спорни работи за вака важна позиција.

Затоа Христовски треба да биде разрешен и да биде назначен нов директор на АНБ.

Професионализмот мора да се заштити и АНБ да биде во функција на државните интереси, а не на интересите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 4 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 4 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања