Промени тема
Контакт

Бојковска: Рејтингот на СДС преку шпекулации, лажни обвинувања и погрешна стратегија нема да порасне

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-library8j26ujfprl1m1kbJCXK

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистини“ вечерва гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска која дискутираше за обвинувањата и шпекулациите од страна на опозицијата, за темата дека во Македонија ќе се отвораат мигрантски кампови.

„Се работи за тотална лага којашто е изнесена од опозицијата, со наметнување на ваква тема којашто е апсолутно неточна, пробување за да се искреира некаква тема. Стигна демант и од премиерот на Република Македонија, стигна демант и од претседателката, стигна демант и од амбасадорот на Велика Британија, што е апсолутна потврда дека се работи за лажни тврдења“, истакна Бојковска.

— реклама —
— реклама —

Бојковска посочи дека СДС преку шпекулации, лажни обвинувања и погрешна стратегија пробуваат да наметнат тема во јавноста, сметајќи дека на тој начин ќе порасне политичкиот рејтинг на партијата и нагласи дека со оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да се загрози безбедноста на граѓаните, и дека нелегални мигранти нема да се примаат во државата.

— реклама —

„Погрешен е наративот доколку сметаат дека политичкиот рејтинг на СДС ќе расте со ширење на лаги, тотално погрешна стратегија доколку тоа им е целта. Со оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата вакви мигранти нема да има во Македонија. Во Македонија нема да се примаат нелегални мигранти и тоа не е основа за стратешкото партнерство коешто го имаме со Велика Британија. Додека е Владата на ВМРО-ДПМНЕ, од овој тип загрозување на безбедноста на граѓаните примање на нелегални мигранти, создавање на мигрантски шатори нема да постои“, децидна е Бојковска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Стоилковиќ го велича Младиќ, Мицкоски да одговори дали тоа е став на Владата

Македонија | пред 1 час

BKuzeska3

Кузеска: СДСМ ги поддржува телевизиите, институциите да ги испитаат сомнежите за Euronews и „Ало“

Македонија | пред 8 часа

media-library7j5jjcdtsarl1SAuCv0

„Политичка хистерија“: ВМРО-ДПМНЕ го нападна Филипче по критиките за дата-центрите

Македонија | пред 10 часа

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ бара транспарентност од Мицкоски за најавените центри за податоци

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања