Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Бојмацалиев тврди дека нема хаос со документите, а признава дека линиите се зафатени и граѓаните не можат да добијат услуга

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
mitko-bojmacaliev-2

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во интервју за штипската ТВ Стар запрашан за функционирањето на пунктот во полициската станица „Пролет”, рече дека граѓаните можеа да добијат услуга, а сега телефонските линии се презафатени и не може да се добие услугата. Овој став доаѓа откако претходно, Бојмацалиев кажа дека нема хаос во МВР со издавањето на документи.

— реклама —

„Со почетокот на промената на документите од Република Македонија во Република Северна Македонија, 2021, месеците декември и јануари имаме 50.000 граѓани кои бараат промена на личен документ, како се намалуваше реториката и фронтот за Никогаш Северна, така се зголемуваше интересот на граѓаните за промена на лични документи. Пикот на промената на лични документи го добиваме 2023 декември и јануари 2024, над 170.000 граѓани побарале да ги сменат своите лични документи. Тука имавме голем наплив на граѓани, сите беа услужени, добија она што го бараат, промена на лична карта, возачка или пасош.

„Ако се вратиме на пунктот Пролет, кој го критикуваат, бил хангар, сме ги понижувале македонските граѓани, зошто не го укинаа целосно? Да го затворат и направат друго. Ништо не е сменето, истата спортска сала, истата опрема, истите ресурси. Знаете што сменија само? Да не можат граѓаните тие што не можат да добијат на телефон - да не ги извадат своите лични документи. Прв дојден, прв услужен веќе не важи во Скопје. Знаете дека на територија на цела држава од октомври имаме телеграма дека секој кој дојде во управните служби ќе биде услужен. Граѓаните од внатрашноста веќе 99% ги сменија своите документи”, истакна Бојмацалиев. Притоа, тој рече дека граѓаните ја завршуваа работата, а сега телефонските линии се презафатени.

— реклама —

„Од тие причини, бидејќи јули, август и септември се јавуваат одредени граѓани, а не се појавуваат на термините за сликање, околу 70%, го увидовме тоа и со тимот предводен од Спасовски решивме да ја отвориме спортската сала во Кисела Вода. Да, се чекаше, 4-5, некогаш и 8 часа, но на крај од денот се сликаат. Сега вртиш по 8 дена, немаш термин и добиваш термин во јуни, јули, ништо не си завршил. Ако сакаат да се сликаат дека нема гужва, тоа им успеа, но граѓаните не се услужени”, дециден беше Бојмацалиев.

Во оваа прилика, Бојмацалиев потсети на воведувањето на биометриски документи.

„Брза постапка се воведе со воведување на биометриските лични карти и пасоши. И тогаш во тој процес имаше гужви, јас лично во Куманово чекав 9 саати да се сликам и после 4 месеци земав лична карта. А, во времето кога Оливер Спасовски го водеше МВР во рокот од 15 дена сите граѓаните ги добиваа личните документи”, рече Бојмацалиев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 4 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 4 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања