„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Бојмацалиев: Внатрешна контрола треба да утврди каде е грешката со неиздадени, а готови пасоши на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

Денеска, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, во одговор на новинарско прашање, за време на неговата посета на Дојран, истакна дека внатрешна контрола на МВР треба да утврди каде е грешката зошто не се издаваат веќе готовите пасоши на граѓаните.

— реклама —

„Јас не спорам дека е зголемен бројот на пасошите кои се подготвуваат, туку спорам дека има готови пасоши кои се во управните служби и не се ставени на соодветно место и не им се дадени на граѓаните и тоа е недозволиво. Вие плаќате, МВР го изработува, експедиција го носи и кога треба да го земете некој не ги наредил дали по соодветен број или во правилна просторија или се што ќе утврди Внатрешна контрола, тоа е недозволиво", рече дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев во одговор на новинарско прашање за поднесетното барање од негова страна до Внатрешната контрола на МВР за тоа зошто готовите пасоши не им се издаваат на граѓаните.

„До мене стигнуваат пораки, а тоа го кажа и Народниот правобранител, дека човекот е фотографиран, пасошот е подготвен и е однесен во установатата каде треба да го подигне, но таму го нема.

— реклама —

Значи, сега внатрешна контрола оди во одделот за персонализација каде се обработуваат пасошите и оттаму готовите документи експедицијата ги носи во управните служби. Ова појава е конкретно само за Скопје и кога граѓаните ќе отидат тој пасош да го подигнат на шалтерите им го нема. Јас тоа барам, внатрешната контрола да утврди каде е тој пасош кој е испечатен и од експедиција однесен во МТВ, зошто го нема на шалтер. Имам сознанија од вчера и се потврдени од внатрешна контрола дека се најдени пасоши кои ако требало да бидат ставени под буквата Б, се ставени под В. Тоа е еден од случаите, а натаму внатрешна контрола ќе испитува и ќе утврди зошто готовите пасоши не им се даваат на граѓаните, која е причината и каде е грешката. Ние сме сервис на граѓаните и тоа не е политиканство, јас се борам граѓаните да бидат услужени“, рече Бојмацалиев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

417466023_697125702597960_8365710883011608670_n

Издадени се 300.000 термини за лични документи, се прочистуваат и листите за да се забрза процесот

Македонија | пред 1 година

Osmani-pregovaracka-ramka-1-720x404-1

Има начин да се убедат сите земји да нѐ пуштаат со пасоши без „северна“, но Османи нема таква намера

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицевски: На барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, по забелешките на Тошковски, денес беа изгласани измените на изборниот законик

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-07-at-10.54.58

Политичарите лажат, бројките - не, ако нема законски измени до 18 мај - 100.000 граѓани нема да можат да гласаат, кажа Тошковски

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања