Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во изјава објавена на веб-сајтот од СЈО вели дека Боки 13 бил посредник за комункиција со бизнисменот Орце Камчев, назначен токму од бизнисменот. Вака таа го правда последниот разговор во кој се слуша нејзиниот глас во снимката објавена од италијанскиот весник. Во новиот аудио материјал има делови каде Јанева му се правда на Камчев преку Боки 13 за тоа зошто испратила покани до сведоци/обвинети/лица кои се опфатени со постапки.
„Повторувам дека во интерес на предистрагите и истрагите кои се водат во Jавното обвинителство кое го водам, повеќе пати сум разговарала со разни лица, во обид да се издејствуваат подобри позиции во кривичните предмети, а тоа често се случуваше да се одвива преку од нив назначени посредници“ вели Јанева.
Инаку, Орце Камчев е лицето кое го пријави рекетот во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал, а од објавена снимка, се гледа како Боки 13 заминува од куќата каде се сретнал со Орце Камчев со торбата во која претходно се пакувале пари.