Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Боки 13 го молел Заев да го прими, а тој му вратил: „Ги видов доказите, ова е чист рекет“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
boki-13-skopje1mk-Copy-2

На денешното рочише „Рекет“ обелоденета комуникацијата на Боки13 со Зоран Заев.

Сум го покажал многу пати. Од мене никогаш нема да слушнеш дека сум го злоупотребил твоето име. Кога сум имал нешто прво сум ти кажал тебе. Нашиот однос зависи од тебе. Те молам размисли да се видиме. Јас сум ти пријател”, пишува во принт скринот испратен од Јовановски кон неговата мајка Јасминка Јовановска, од комуникација преку телекомуникациска апликација а каде стои името “Зоран Заев”.

— реклама —

„Јас сум претседател на Влада и морам да постапам законски. Извини, но грозно е“, пишува во принт скринот каде се гледа името „Зоран Заев“, а која Јовановски ја препратил кај неговата мајка Јасминка Јовановска.

„Јас никогаш не сум го злоупотребил вашето име. Ве молам да ме примите“, пишува повторно Јовановски до Заев.

— реклама —

„Ги видов доказите Боки. Ова е чист рекет. Јас морам да постапам“, повторно пишува во принт скринот каде е прибележано името на Зоран Заев, а кој Јовановски го испраќал на својата мајка.

Според досега презентираната документација, не се знае дали по овие пораки Заев се сретнал со Јовановски во врска со неговите барања во случајот „Рекет“ за кој беше отворена истрага во почетокот на мај минатата година.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања