Бојан Јовановски познат како Боки 13 должи илјадници евра кон фирми од каде набавувал најразлични средства. Според информации на „А1он“ тој не ја платил ниту опремата на телевизијата чија вредност е над 200 илјади евра. Боки 13 должи и на „Томато продукција“ во чии простории е сместена телевизијата. Списокот на долгови е долг.
Кога Јовановски требало да врати пари кои ги должел, често велел „Знаете ли вие со кого јас се познавам?“.
Она што со сигурност било платено е неговата гардероба која наводно чини околу 100.000 евра и која дел ја имал уште пред да биде отворен случајот „Рекет“ и пред да му ги бара парите на бизнисменот Орце Камчев. Платен бил и парфем од 800 евра кој и го купил на Катица Јанева.