Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Боки 13 кон Рускоска: „Уште ме гледаш, поради тебе добив карцином“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
boki-13-skopje1mk-Copy-2

Првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  на почетокот на денешното рочиште побара одложување поради здравствени причини. Тој се пожали на болки и кажа дека има рак на желудник. Боки 13 влезе во вербален дуел со обвинителката Вилма Рускоска.

„Уште ме гледаш, поради тебе добив карцином, Господ ќе ти врати.Што ќе ми направите? Ги праша Боки 13 обезбедувачите откако почна да дофрла кон обвинителката Рускоска. “Имам малигнитет а ме држите во притвор”, рече Јовановски.

— реклама —

Боки 13  утрово бил прегледан од затворскиот лекар кој му измерил притисок, но чуствувал органски болки.

Мојата здравствена состојба не е добра, имам рак на желудник на 33 години поради прогресија на болеста во притвор, рече Боки 13. Тој кажа дека вчера добил нова дијагноза по извршената гастроскопија.

— реклама —

На снимките од Орце Камчев кои денеска се презентираат во судница, се гледа како обвинетиот и правосилно осудениот доаѓаат во домот на Камчев. Јовановски при влезот во домот носи и црна голема машка ташна, а Кичеец доаѓа со празни раце. Кога го напуштаат домот, Кичеец носи голема „Луј Витон“ ташна, во која, според сведочењето, се наоѓаат 1 милион евра.

На досегашните снимки не се виде како Камчев ги подготвува парите, ниту што има во торбата. Откако го напуштаат домот на Камчев, Боки и Кичеец торбата ја ставаат на задното седиште во портокалов џип. Од снимките се гледа и регистарската табличка на истиот.

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања