Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Боки 13 не е мафија туку пионче, ај да ги видиме органиве кои немаат м*да да ја чепнат Јанева, вели Јордановска.

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Коментари
18199261_10154358495721583_293997650932509073_n

Новинарката Мери Јордановска по објавувањето на снимките за „Рекет“ од италијанскиот весник, а потоа и по објавувањето на изјавите од српски „Курир“ каде Боки 13 вели дека неговата мајка има докази против Заев доколку тој биде убиен, категорична е дека Боки 13 е пионче.

— реклама —

„Никој никогаш нема да ме убеди дека човекот кој до пред некоја година го знаевме по реалити шоуа, наеднаш, без ничиј грб (а тука не мислам на Катица Јанева) станува главна мафијашка фаца, седнат на трон, додека главни “новинарски бардови” му прават интервјуа во телевизијата "на татко му". Телевизија каде што цела Влада му доаѓа на честито, а тој гордо парадира помеѓу два викенди во Милано, на себе носејќи гардероба колку што ми чини станот, барајќи милиони евра од бизнисмени кои го имаат измислено зборот “рекет” додека Боки Тредичи уште бил во пелени“, пишува Јордановска.

— реклама —

Таа додава дека Боки 13 не е македонска мафија.

— реклама —

„Никој нема да ме убеди дека силата му дојде сама по себе, ниту пак дека му ја дала Катица Јанева.

Боки Тредичи не е македонската мафија. Тој е пионче, и тоа аматерче, во рацете на една нова мафија.

И преку глава ми е веќе да се занимаваме со опашките облечени во Луј Витон и Гучи, наместо со оние што ја држат палката во рака.  Ај да ги видиме истражниве органи кои засега немаат м*да да ја чепнат ни Јанева, а камо ли оние по чија наредба работел нашиов грев Тредичи“, додава Јордановска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања