Боки 13 поднесе пријави за најмалку 30 лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Boki-13-1

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“.

— реклама —

Како што истакна неговиот адвокат, Сашо Дуковски, кривичните пријави се однесуваат на најмалку 30 лица и поради содржината Јовановски бара вклученост на меѓународните институции и амбасадите.

„Поради сериозноста на наводите, од страна на пријавителот беше побарано непосредно вклучување на најрелевантните меѓународни институции за заштита на човековите права, особено на најрелевантните свестски амбасади кои имаат свои дипломатско-конзуларни претставништва во Република Македонија поради содржината на тоа што се изјавува“, изјави Дуковски откако минатата недела беа поднесени околу осум кривични пријави, а веројатно тоа ќе продолжи и во следните денови.

— реклама —

Пријавите се за кривичните дела измама, изнуда, злоупотреба на службена положба, давање на лажен исказ, противзаконито влијание, но и за несовесно лекување. Боки 13 од обвинителството бара за овие случаи да се вклучат најрелевантните меѓународни институции за заштита на човековите права и странски амбасади. Тој во „Рекет“ доби казна од 9 години затвор, но против него во тек е уште едно судење за случајот Меѓународен сојуз, каде е обвинет за перење пари и измама.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања