Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Боки 13 повторно нуди имот како гаранција за да излезе од Шутка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
boki-13-skopje1mk-Copy-2

Првообвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски-Боки 13, денеска повторно пред Апелацискиот суд во Скопје побара да му се укине мерката притвор во затворот во Шуто Оризари и ја понуди гаранцијата од околу 146 000 евра, која ја нудеше и претходно. Станува збор за гаранција во недвижности, дуќан во центарот на Скопје и куќа во Тафталиџе со кои гарантира дека нема да избега, објави 360stepeni.mk.

Боки и неговиот адвокат Сашко Дукоски пред второстепениот суд порачаа дека не може како причина за определување притвор да се користи флоскулата „степен на кривична одговорност“ бидејќи тој во моментов не е осуден ниту, пак, да се наведува дека постои опасност од бегство затоа што нема оформено потесно семејство. Точно е дена тој нема засновано свое семејство, рече адвокатот, но тој е дел од потесно семејство со неговите родители.

— реклама —

„Остро ги осудувам таквите дискриминирачки факти“, истакна Јованосвки во Апелација.

— реклама —

Тој е во притвор од 15 јули 2019 година кога се отвори истрагата. За секое продолжување на притворот за 30 дена, заедно со неговиот адвокат, поднесуваше жалба до второстепениот суд.

— реклама —

Тексто во целост на:  360stepeni.mk.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања