Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Боки 13 преку адвокатите јавно опомена: Ако продолжат уцените и заканите од центрите на моќ има и одговор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
boki-13

Правниот тим на Бојан Јовановски-Боки 13 побарал термни за поднесување кривични пријави и отпочнување на кривично-правната операција која ја нарекоа „Бумеранг“. Тие велат дека поради обемноста на материјалите кои Јовановски-Боки13 ги поседува, побарани се повеќе термини. Напоменуваат дека: „Квалитативната обработка на материјалот, доказите ќе се врши исклучиво во присуство на подносителот Бојан Јовановски и на неговите полномошници, адвокати“.

— реклама —

„Поради чувствителноста , карактерот и сериозноста на отпочнатиот процес со кодно име "Бумеранг" апелираме до јавноста дека истиот ќе се врши транспарентно во име на високиот степен на јавниот интерес. Гласно укажуваме до центрите на моќ кои веројатно се директно засегнати од овој процес да не вршат притисоци, да не упатуваат директни и индиректни закани и да престанат со незаконски дејствија на уценувања и заплашувања со цел да го спречат и попречат започнатиот процес "Бумеранг", секако дека ваквите погоре опишани дејствија од центрите на моќ беа очекувани за нас, но недвојбено истакнуваме дека ништо од сето тоа нема да ја спречи реализацијата на кривично-правната операција "Бумеранг" и дека во одреден момент доколку продолжи трендот на притисоци, закани, уцени, засегнатите страни ќе добијат соодветен одговор за нивните незаконити дејствија кои интензивно и задкулисно се случуваат изминатите денови од кога е јавно објавено започнувањето на процесот“, посочува адвокатскиот тим на Јовановски-Боки 13.

— реклама —

Тие се обратија и на меѓународниот фактор.

— реклама —

„Го повикуваме и меѓународниот фактор во име на императивната заложба за владеење на правото и во име на фактот сто во изминатите години токму од меѓународната заедница се вложени големи финансиски средства во нашата држава и правосудните институции за подобрување и прогрес на правото и правната држава, да го следат со внимание отпочнатиот процес и во рамки на своите надлежности да дадат свој позитивен придонес кон реализација на процесот. Јавноста ќе биде информирана за првиот термин и за останатите усогласени термини за предавање на доказниот материјал и пријави во ОЈО за ГОКК Скопје“, додаде адвокатскиот тим на Јовановски-Боки 13.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања