Промени тема
Контакт

Боки 13 со нов хаос бара разрешува на судијката со тешки обвинувања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Бојан Јовановски-Боки 13 бара разрешување на судијката Софче Гаврилова-Ефремова, која му суди во предметот за работењето на „Меѓународен сојуз“, пренесе „А1он“.

Тој во дописот ги прашува членовите на Судскиот совет дали е дозволено судијка да му се обраќа со зборовите: „Нека ти обезбеди семејството лаптоп, поради тоа што те гледам дотеран. Како што ти испраќаат гардероба, така нека ти купат лаптоп“, додавајќи дека на секое рочиште му се обраќа на висок и хистеричен тон. Во останатиот дел од барањето на Јовановски, кое во целост го пренесе „А1он“, стои и дека тој веќе знае дека ќе биде осуден на највисока казна, посочувајќи дека има спрега помеѓу судијата, претседателот на судот, јавниот обвинител и политичките чинители на власта.

— реклама —
— реклама —

„Таа спрега ја доведува во прашање целата постапка, односно употребата на правото и утврдување на фактичката состојба без надворешни влијанија и притисоци. Судијата Софче Гаврилова-Ефремова треба да ги реализира и исполни сите овие жалби низ постапката која ја води, не водејќи сметка на моите права“, стои во барањето за разрешување од функцијата.

— реклама —

Јовановски обвинува за пристрасност на судијката и бидејќи не му било дозволено да изведе докази, да сослуша сведоци за да докаже дека е невин.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања