„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Боки 13 со парите од Орце Камчев враќал долгови на српска пејачка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
7C534D49-EC49-42F9-B568-A37C8B87D869

Српски Курир обелодени шокантна вистина. Имено српскиот весник пишува дека всушност првоосомничениот за случајот Рекет, Боки 13 всушност го рекетирал Орце Камчев за 1.5 милион евра за, меѓу другото, да ѝ ги врати парите што ѝ ги должел на својата, многу блиска пријателка Јелена Карлеуша.

— реклама —

Како што објави српски „Курир“, Боки 13 на неколку наврати позајмувал пари од Карлеуша, а кога западнал во финансиски проблеми, се здружил со премиерот Зоран Заев и неговиот советник Зоран Башановиќ, како и специјалната јавна обвинителка, за да го рекетираат Камчев.

— реклама —

Карлеуша и Боки 13 се познаваат долги години, а беше близок и со нејзината мајка Дивна, од која најчесто и позајмуваше пари. Кога влезе во долгови и кога естрадната кариера не му одеше баш најдобро, реши на лесен но валкан начин да дојде до големо богатство. Тоа би му ги решило сите проблеми, барем така мислеше. Така би ги вратил на Карлеуа парите кои и ги должи, ќе го покриеше минусот кој го има во банка, а остатокот би го искористил за бизнис кој би му донел пари, а половината би требало да ги подели на сите останати кои се вмешани во случајот Рекет, вели извор за српски Курир.

Воден од оваа идеја почна да преговара со Камчев. Почетната сума која ја побарал од бизнисменот е 8 милиони евра, за на крајот да добие 1,5 милиони во кеш, спаковани во торба Луј Витон. Снимката на која Боки ги зема парите од Камчев ја објави пред една недела италијанскиот весник Ла Верита. На 4 март Камчев беше ослободен, а пред месец дена Боки 13 беше уапсен на граничниот премин Богородица, и моментално е во затворот во Шутка, како првоосомничен за случајот Рекет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања