„Не, ова не беше драконско казнување, ова беше класично иживување од позиција на моќ!!! Денеска тортурата и одмаздољубието ја постигнаа кулминацијата која ќе остане запаметена во историјата на македонското правосудство“, вели Бојан Јовановски во својата најнова објава на социјалните мрежи.
Со моја комплетна анализа на денешната пресуда и за сите други познати и непознати, видливи и невидливи околности поврзани со овие судски случаи во наредниот париод ќе се обратам на јавноста!!!
Оваа правосудно-хиенска мизерија преточена во незаконска и криминална пресуда ја знаев однапред, бидејки одлично им ја познавам методологијата и начините на нивното функционирање. Од тие причини барав изземање на судијата и утврдување на нејзина одговорност за нејзино незаконито постапување, но поради тоа што сите се еден систем на сврзани садови резултатот беше однапред јасен!
Во наредниот период ќе излезам со конкретни факти кои ќе бидат презентирани пред општата и стручната јавноста
Јас денеска бев невин, одговорно тврдам невин, осуден на 9 години затворска казна, океј бравоо!!!
Денеска бев осуден поради мојот неспорен интелектуален капацитет, така објаснуваше и се правдаше судијата Софче во недостаток на докази, браво судија, ова е за прв пат да се суди нечиј интелектуален капацитет, а не сторено кривично дело!!!
Јас вечерва во затворскиот кревет ќе си легнам со чиста совест, а вие самонаречени богови на правдата, криминалци и кодоши како ќе заспиете???
Запаметете, нечистата совест е полоша од било која затворска казна!!!
Вие сте хиени и сте чопор, но јас сум лав и ќе се борам до крај!!!
П.С. Да ви дадам еден предлог итно и веднаш да направите измени во Кривичниот законик и наместо казниве затвор што ми ги давате од ракав, да ме каменувате и мачите на среде плоштад, можеби тогаш вашата крволочна жед ќе биде конечно задоволена!!!
Да живее икнцизицијата во 21 век!!!, стои во објавата на Јовановски.