Боки 13 во завршниот збор за „Рекет“: Ќе го надминам Јосип Броз Тито, ќе станам лидер на нова европска Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
boki

Обвинетиот Бојан Јовановски бара ослободителна пресуда за „Рекет“. Во својот завршен збор рече дека е облечен во бело како Тито бидејќи е идниот лидер на државата. Судењето го нарече политички прогон поради што и 11 месеци останал во притвор.

— реклама —

„Во однос на мојот вчерашен исказ дека ќе се занимавам со политика, би сакал судот да ми овозможи да имам право на мои соопштенија до јавноста кои ќе ги пласирам преку вас и да не ме цензурирате зошто јас со овој предмет немам забрана за вршење на било каква политичка дејност. Целта ми е сите политички малверзации во оваа држава да ги посведочам за да станам лидер на нова европска Македонија”, рече Јовановски.

— реклама —

Бледите завршни зборови на јавната обвинителка биле цитати од филмови, а не цврсти докази, истакна обвинетиот Бојан Јовановски, во завршниот збор за случајот „Рекет“, на денешното рочиште во Кривичен суд.

— реклама —

Адвокатот на Јовановски, Сашко Дуковски, пак, порача дека обвинителството не покажало докази за делото за кое се товари неговиот клиент.

Јованоски за Камчев истакна:

-Замислете страшниот Орце Камчев се плаши од еден „педер“ истакна Јовановски. и додаде:

-И тој ќе ми давал милион евра. Од него не можеш 50 денари да земеш, а не па еден милион евра. Тој може дал, ама не на мене. Можеби ги дал на оние од трас-трас судството – рече Боки.

Тој вели дека не постојат никакви докази дека сметководителката на Камчеви извадила пари, но не може ни да има бидејќи такво нешто не се случило.

Бојан Јовановски на денешните завршни зборови ги потврди шпекулациите дека имал чести контакти во неговиот дом со министерот за здравство Венко Филипче во друштво на бизнисменот Орце Камчев.Како што тврди Боки, Камчев бил заинтересиран да ја преземе една од најголемите државни болници.

- Камчев требаше да ја земе „8 септември“. Затоа јас имав таков болнички третман-тврди Јовановски.

Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција во случајот „Рекет“ ги обвини Боки 13 и Катица Јанева дека со умисла го рекетирале бизнисменот Јордан Камчев за да му се укине мерката притвор во предметот „Империја“, во кој е обвинет.

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања