„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Боки 13 закажал нова операција во болницата на Камчев иако должи за претходната

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
boki-13-1

Боки 13 денеска од затворот Шутка бил префрлен на скопските клиники, поради прегледи за претходно закажана операција. Тој придружуван од затворската полиција, бил на преглед во амбулантите на Дигестивна хиругија.

— реклама —

Законските правила за притворените лица се дека тие прво мора да одат на државна клиника па доколку нема можности за лекување таму, може да одат на друго место или пак сами да платат операција во приватна клиника. Кога сме веќе кај желбите дознаваме дека Боки 13 сака и оваа нова операција да ја му ја извши стручниот тим од клиниката на Орце Камчев. И ова нема да е така чудно ако не се знае фактот дека токму Орце Камчев т.е „Систина“ го тужи Боки 13 за хируршките интервенции за слабеење и естетика кои беа направени во оваа клиника, а Боки не ги платил, и и останал должен на клиниката за 10.313 евра.

Веќе се знае дека двете страни за овој спор ќе се соочат пред судијката Лилјана Зафировска-Петреска во скопскиот граѓански суд во септември.

— реклама —

Инаку потсетуваме дека основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 15 јули го отвори случајот за рекетирање во кој првоосомничен е шоуменот Бојан Јовановски, попознат како Боки 13 и второосомничен бизнисменот Зоран Милески, познат како Зоки Кичеец.

Како што е наведено во обвинението Јовановски го искористил своето влијание кај Јавен обвинител и зел 1,5 милиони евра од лице под истрага за да му ја олесни положбата. Милески е тој кој овозможувал средби со лицето под истрага, кое во оваа истрага е сведок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања