Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Боки 13 започнува операција „Бумеранг“: Еден милион бомби ќе пукаат кај Абази

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
abazi-boki-13

Бојан Јовановски-Боки 13 преку адвокатите посочува дека над еден милион фајлови ќе бидат предадени на Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а кои се однесуваат на сторен криминал од највисоки државни структури и бизнис елити. Во соопштение до јавноста, посочува дека со оформувањето на предмет од страна на шефот на Обвинителството, Ислам Абази, започнува операцијата која со кодно име „Бумеранг“.

— реклама —

„Напоменуваме дека поради обемноста на материјалот и доказите во бројка од 1.150.000 (еден милион и сто и педесет) фајлови со податоци во кои се содржани аудио снимени разговори, транскрипти, пораки, остварени телефонски комуникации, видео и фотографски записи, т.н. "бомби" , заради целисходност при постапување по предметот ќе биде потребно формирање на посебен тим за работа и процесуирање на кривичните пријави во согласност со реалните потреби за ефикасно и правилнло постапување по предметот, за кое нешто ќе истакнеме посебно барање до јавниот обвинител“, велат адвокатите на Јовановски.

— реклама —

Тој напоменува дека по поднесувањето на пријавите и предавањето на доказите, очекува темелна и непристрасна разшреница. Посочува дека поради обемноста на доказите, ќе треба цел тим да работи на материјалите.

— реклама —

„Поради високиот степен на карактерот и сериозноста на процесот "Бумеранг" бараме и очекуваме посветеност, неселективност и максимална професионалност од страна на надлежниот обвинител. Исто така, напоменуваме дека подносителот Бојан Јовановски ќе ги поднесува пријавите и ќе ги предаде доказите на записник по претходно утврдени законски гаранции за заштита на неговиот физички и психички интегритет поради карактерот, сензитивноста и сериозноста на отпоцнатиот процес со кодно име "Бумеранг". Бојан Јовановски ќе ги поднесе пријавите и ќе ги предаде доказите во присуство на неговите полномошници мр.Владимир Туфегџиќ и Сашко Дукоски, адвокати од Скопје, единствено во сигурносно обезбедени простории во ОЈО за ГОКК, со визуелно, тонски запис од чинот на сослушување и предавање на доказите“, посочува адвокатскиот тим преку кои Јовановски и се обраќа на јавноста.

Претходно, шефот на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Ислам Абази, кажа дека оформил предмет и делегирал јавен обвинител што ќе го сослушува Бојан Јовановски-Боки 13 и кој ќе ги земе бомбите, односно аудиоразговорите, видеоснимките, транскриптите. Од Обвинителството за „Макфакс“ посочија дека ќе ги земат сите материјали од Боки 13, а за кои осудениот посочи дека се докази за сторени кривични дела на личности од политиката, правосудниот систем и бизнис-елитата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања