Промени тема
Контакт

Боксерот Ален Рустемовски освои прво место на турнирот во Сараево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarycetdmhbobje2bMfjSQO
Facebook/Alen Rustemovski

Македонскиот боксер Ален Рустемовски оствари голем успех на меѓународниот боксерски турнир „Мустафа Талијан“ во Сараево, каде што го освои првото место и беше прогласен за најдобар техничар на турнирот.

— реклама —

Рустемовски во полуфиналето, во категоријата до 60 килограми, убедливо го совлада Мутез Бечагра од Алжир со 5:0.

— реклама —
— реклама —

Во финалната борба македонскиот боксер повторно беше доминантен и со идентични 5:0 славеше против Јапонецот Шудаи Харада, кој е петтопласиран на светската ранг-листа, освојувач на петто место на Олимписките игри и актуелен азиски шампион.

— реклама —

На турнирот „Мустафа Талијан“ во Сараево настапија повеќе од 120 боксери од 21 држава од светот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarym0f1f44ig7p54z8y5am

Ален Рустемовски доби статус „Спортист од светска категорија“ по европската бронза

Вирално | пред 5 дена

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања