Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Болниците преполни, во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 81 пациент

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
korona-2

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје е хоспитализран 81 нов пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 613 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 46 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти и 14 биле примени на Инфективната клиника во тек на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 4 нови пациенти и 5 деца се хоспитализирани на Клиниката за Детски болести во Скопје.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 55 оздравени пациенти.

— реклама —

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 295 пациенти.

— реклама —

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 114 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 138 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 38 лица. На Клиниката за Детски болести има 20 пациенти позитивни на ковид 19 вирусот и 7 на ГАК .

Вкупно 613 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

— реклама —

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања