Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Болниците се подготвуваат за нормално функционирање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
19052020_Filipche_press

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешниот настан во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ информираше дека се подготвуваат капацитетите во јавно-здравствените установи за нивно целосно редовно функционирање.

— реклама —

— реклама —
„Се уште добар дел од работата се одвива по системот на пауза-ротација од една до две недели, за да се штеди медицинскиот персонал. Притисокот во болниците попушти, тоа вистински интензивно се избегна и веќе сите имаат добиено задолженија да ги организираат редовните програми. Направени се списоците на пациентите и интервенции коишто беа одложувани.“- изјави Филипче.

— реклама —
Филипче образложи дека системот Мој Термин за закажување ќе функционира по новиот протокол, што ќе значи дека прегледите ќе се закажуваат на подолг интервал, наместо на 20 до 30 минути, за да се избегнат гужвите во амбулантите.

„Сето ова, планираме да почне од следната недела, исто како и капацитетот на ГОБ „8ми Септември“ којшто е најголем по број на болничките кревети и по бројот на интервенции. Треба добро да се подготвиме и затоа не брзаме, а истовремено го следиме и бројот на пациенти коишто се лекуват од ковид-19 во болницата „8ми Септември“ и на Клиниката“- потенцираше министерот Филипче.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања