Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Бомбаш-самоубиец нападна возило со хрватски војници во Авганистан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
hrvati

Тројца хрватски војници се повредени во нападот на бомбаш-самоубиец во Авганистан. Министерството за одбрана на Хрватска објави дека еден од војниците има тешки повреди на главата и е во животна опасност. Кај едниот од војниците станува збор за прелом на нога, додека кај вториот за повреди на раката.

— реклама —

-За жал, утринава се случи напад во Кабул над возило со хрватски војници. Имаме тројца повредени војници, од кои еден е во сериозна состојба и се бори за живот. Другите двајца се тешко повредени, но се надвор од животна опасност, истакна хрватскиот министер за одбрана Дамир Крстичевиќ.

Тој објаснил дека војниците се движеле во три возила кон кампот во Лион, кога во нив се забил мотор со бомбаш самоубиец. Несреќата се случила во 8,45 часот на главната улица, пред кампот Лион. Според изјави на очевидци, забрзан трицикл, со бомбаш самоубиец, се зарил во третото возило. Набрзо од кампот излегле чувари и обезбедиле периматар и им дале прва помош на настраданите, префрлувајќи ги во медициснска установа. Двајца припадници со потешките повреди со воздушна поддршка се префрлени во најблиската болница, а третиот кој имал повреда на раката останал во кампот, на натамошен медицински третман, соопшти бригадниот генерал Тушкан.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања