Боно Вокс не знаел дека има полубрат: „Сето тоа беше тајна“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
bono-voks

Пејачот на U2, Пол Дејвид Хусон, попознат како Боно Вокс, откри дека има полубрат за чие постоење не ни знаел со децении.

— реклама —

„Имам уште еден брат, кого го сакам и обожавам“, изјави тој во емисија на радио Би-Би-Си.

— реклама —

Пејачот откри дека за својот полубрат дознал во 2000 година, додавајќи дека тоа е контроверзен случај.

— реклама —

Имено, неговата мајка Ајрис, која починала во 1974 година, не ни знаела дека нејзиниот сопруг и татко на Боно има дете со друга жена.

"Татко ми имаше длабоко пријателство со оваа прекрасна жена, која е дел од нашето семејство, а потоа добија дете. И сето тоа беше тајна", додал Боно.

Откако Боно дознал, разговарал со неговиот татко во 2001 година.

"Го прашав дали ја сакал мајка ми, а тој рече дека да. Прашав како тоа може да се случи. Не се извини. Татко ми очигледно минуваше низ многу, а главата му беше на друго место“, нагласи Боно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања