Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Борбата против дискриминацијата и родовата еднаквост во фокусот на iFail

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
iFail1

„Зад грешките треба да застанеме, да ги признаеме и да научиме од нив“, порачаа Ирена Иванова, програмски менаџер при Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Нина Костовска, прва фармацевтка на Балканот со Даунов синдром, Мерсиха Смаиловиќ, лидер на невладината организација „Легис“ и активист за човекови права, како и Викторија Шотароска Трајкова, генерален менаџер на П.И.К.Ко на настанот iFail – конференција за неуспесите на успешните, кој се одржа вчера вечер на ФОН универзитетот во Скопје.

— реклама —

На конференцијата во организација на заедницата Глобал Шејперс Хаб Скопје (Global Shapers Hub Skopje), младинска локалнa иницијатива на Светскиот економски форум која поттикнува и презема активности за општествена одговорност и промена во заедниците, говорничките споделија приказни за моменти од нивниот приватен и професионален живот кои одиграле клучна улога за нив и кои им помогнале да се издигнат над проблемите и да продолжат уште похрабро да чекорат напред. Големиот број млади во публиката се инспирираа од искуствата на говорничките и се охрабрија да преземат иницијативи за да го менуваат македонското општество кон подобро.

— реклама —

Особено мотивирачки беше говорот на Нина Костовска, прва фармацевтка на Балканот со Даунов синдром и заштитно лице на УНИЦЕФ која порача дека борбата против дискриминацијата треба да е погласна од кога и да е.

— реклама —

„ Вишокот ве прави успешни, дури и безгрешни! Затоа старите рекле од вишок глава не боли! Ќе би кажам нешто во доверба: Мене од вишок ме боли! И тоа како боли, до дното на душата. Јас имам вишок хромозом и тоа ме прави да се чувствувам како грешка. И баш поради тоа често правам грешки во текот на животот. Уште како мала грешев во трчањето накај училиште, грешев во зборувањето, некои чудно ме гледаа и ми се потсмеваа. Грешев во пишувањето и често некој накриво ме гледаше како да сум крадец. И знаев да си запишам и да се запрашам: каде е мојот грев, па јас не го украдов тој вишок хромозом за да ме гледаат како крадец. Долги години јас се чувствував како грешна, се до денот кога налетав на еден цитат на Достоевски: „Да сакаш некого значи да го гледаш онаков каков што Бог го замислил“. Тогаш сфатив дека за мене тој хромозом ми е даден како некое искушение, за да се борам со моите грешки и да дадам пример на другите. За да најдат надеж во борба, за живот, за насмевка, за добрина, за поддршка. Јас го прифатив искушението, но дали вие ќе ме прифатите мене и другите како мене е тоа останува на вас.“, недвосмислено порача Костовска на присутните.

Ирена Иванова, програмски менаџер за граѓанско општество при Делегацијата на Европската Унија во Македонија, сподели дека младите не треба да се плашат од промените и дека нема ништо поубаво од човек да си ја најде својата мисија. „Не се плаши да го оствариш она во што силно веруваш, дури и по цена да бидеш вонземјанин во својата земја“, порача таа. Активстката и лидер на организацијата „Легис“ Мерсиха Смаиловиќ зборуваше како одбила понуда за студии во странство, но на сметка на тоа стекнала непроценливо искуство од активистичката работа на терен. „Од грешките научив уште повеќе да сонувам“, вели Смаиловиќ. Од друга страна, Викторија Шотароска Трајкова една од најуспешните менаџерки во Македонија, споделувајќи искуство од работата во П.И.К. Ко заклучи: „Нема желби и поплаки, туку само научени лекции“.

Освен грешките и успесите, учесниците на настанот разговараа и за балансот помеѓу личен живот и кариера и предизвиците со кои се соочуваат како успешни жени, дел од нив и реализирајќи се и како лидери, активисти, мајки, сопруги.

Инаку iFail – конференција за неуспесите на успешните се организира по 5-ти пат, од страна на Global Shapers Hub Skopje. Шејперите (Global Shapers) се мотивирани млади луѓе, на возраст 20-30 години, кои служат за пример во нивната заедница. Тие се избрани врз основа на нивните постигнувања, лидерски потенцијал и посветеност да го подобрат светот околу себе. Преку заедницата на Global Shapers, на шејперите им се дава можност да се поврзат со светската мрежа на Global Shapers, да се вмрежат со другите заедници на Светскиот економски форум, како и да го претставуваат гласот на младите на настаните на Светскиот економски форум. Global Shapers се обединети во заедничката желба за канализирање на огромната енергија и ентузијазам на младите во градењето на помирен и инклузивен свет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања